Тотенхем го претставија новиот капитен пред вечерашниот меч со ПСЖ

 

Објавено:

Фудбалскиот клуб Тотенхем денеска ќе се соочи со гигантот ПСЖ за освојување на трофејот во Суперкупот. Тие пред натпреварот објавија дека капитенската лента сега ќе ја носи Кристијан Ромеро.

“Денес започнува нова сезона за нас, која ќе биде навистина посебна. Да ја носам капитенската лента на ваков прекрасен клуб претставува неверојатна чест. Пристигнав во клубот пред четири години со еден единствен сон: да го запишам моето име во клупската историја и да го оставам мојот печат со освојување на трофеј. Тоа го постигнав”, напиша новиот капитен на социјалните мрежи.

Извор: https://x.com/CutiRomero2

Ромеро додаде: “Сега, нов пат е пред нас. Ни претстои одлична сезона, а заедно ќе работиме напорно за повторно да ја донесеме радоста од тој незаборавен ден, 21 мај 2025 година. Што и да се случи по тој пат, барам само едно: останете обединети. Ќе има подеми и падови, но заедно, ништо не е невозможно”.

Погледнете го и неговото прво официјално интервју со клубот како нов капитен.

 

Извор: https://x.com/CutiRomero2

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено