Тотенхем се “Ахиловата пета” на Пеп Гвардиола!

 

Објавено:

Ниту еден друг тим во Премиер лигата нема повеќе победи над тимот од Пеп Гвардиола како Тотенхем, особено на домашен терен. Денес, тоа уште еднаш се докажа на дело, па на Етихад стадионот Спарси дојдоа до осмата победа против Манчестер Сити, откако Пеп е на чело на тимот.

Тие се убедливо први со осум победи, а зад нив следуваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул со по шест победи.

Извор: https://x.com/CutiRomero2

И надвор од Премиер лигата, Тотенхем се искачија на врвот на листата на тимови од кои најмногу има изгубено Пеп Гвардиола во неговата кариера. Сега Тотенхем се изедначени на врвот со Ливерпул со по 10 победи.

Инаку, Тотенхем денес победија во второто коло од Премиер лигата, со резултат од 2:0, со што ги шокираа домаќините кои абициозно и самоуверено ја започнаа сезоната во првиот натпревар.

Головите беа дело на Бренан Џонсон во 35-та минута и Жоао Палиња во 47-та минута од првото полувреме. Инаку, имаше и една спорна ВАР ситуација, а истата можете да ја погледнете во официјалното објаснување и сами да донесете заклучок дали била исправна.

Погледнете ги сите најинтересни моменти од натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено