Трансфер-драма: Слета во Минхен, па му кажаа да се врати во Челси

 

Објавено:

Вистинска драма се одвива денес со трансферот на Нико Џексон кој денеска пристигна во Минхен, каде требаше да замине една сезона на позајмица од Челси.

Но, во меѓувреме на денешниот меч меѓу Челси и Фулам, напаѓачот Лијам Делап се здоби со повреда на задната ложа, повреда која потенцијално може да го тргне од терените дури до осум недели.

Поради повредата на Делап, Челси го отповикаа договорот за позајмица, па му кажаа на Џексон дека треба веднаш да се врати во Лондон.

Агентот на Николас Џексон, Диоманси Камара, вечерва се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, велејќи: “Ние не се враќаме назад. Авионот не оди наназад”.

Според информациите агентите на Џексон не ја прифаќаат одлуката на Челси и форсираат договорот сепак да се испочитува.

Извор: https://x.com/433

Како што пишува весникот “BILD”, директорот на Баерн Минхен, Макс Еберл, вели дека клубот нема многу избор во ваквата одлука.

“Јас не сум во позиција да сторам нешто. Ќе му кажеме на играчот и неговиот агент дека мора да се вратат во Лондон, тој е играч на Челси. Во последните 48 часа, ќе се обидеме да дојдеме до решение”, изјави тој.


Изгледа дека ова лето ни донесе вистински драми на трансфер пазарот, а дури и ваквите кои се сметаа за “глатки”, очигледно не поминаа без својата драма. Како ќе се развива ситуацијата, останува да видиме.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено