Дали Фуксе Берлин навистина гради најмоќна бековска линија во историјата на ракометот? Според угледниот француски весник L’Équipe, капитенот на Барселона и еден од најдобрите десни бекови на светот, Дика Мем, ќе го напушти каталонскиот гигант по истекот на неговиот договор во 2027 година и ќе се пресели во главниот град на Германија.
Иако ПСЖ долго време важеше за фаворит да го врати Французинот дома, а Барселона му понуди нов четиригодишен договор, Мем наводно се одлучил за предизвикот наречен Бундеслига, „Премиер лига на ракометот“.
„Дрим-тим“ во најава: Гидсел, Мем и Питлик!
Ако овој трансфер се реализира, Фуксе Берлин ќе има застрашувачко трио. Мем би играл заедно со данската суперѕвезда Матијас Гидсел (кој би се префрлил на среден бек или би ротирал) и Симон Питлик, кој исто така е договорен за 2027 година.
Гидсел веќе изјави дека не гледа на доаѓањето на Мем како конкуренција, туку како можност за уште поголема доминација.
„Не гледам на друг десен бек како конкурент. Ракометот е флексибилен, а јас можам без проблем да играм и малку полево“, изјави Данецот.
Ова само ги потврдува претходните шпекулации за „галактикосите“ од Берлин, за кои SportStation пишуваше уште во ноември.
Барса бара замена: Кико Коста или Душебаев?
Заминувањето на Мем ќе отвори огромна дупка во Барселона. Каталонците веќе ги разгледуваат опциите, а најсериозни кандидати се феноменот од Спортинг Лисабон, Кико Коста, или искусниот Алекс Душебаев, кој се очекува да го напушти Кјелце.



