Три дена, три теста: Познат е распоредот на Македонија на „Жолтиот куп“ во Швајцарија

Објавено:

Македонската ракометна репрезентација ги започнува финалните подготовки пред патот за Европското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров в среда во раните утрински часови заминуваат за Швајцарија, каде ќе учествуваат на традиционалниот „Жолт куп“.

Овој турнир ќе биде клучната проверка за формата на нашите репрезентативци. Веднаш по пристигнувањето е планиран попладневен тренинг, а потоа следува пеколен ритам од три натпревари во три дена.

Распоред на натпреварите:

  • 8 јануари (четврток): Македонија – Бахреин (20:30 часот)
  • 9 јануари (петок): Македонија – Украина (17:45 часот)
  • 10 јануари (сабота): Македонија – Швајцарија (18:30 часот)

Турнирот е идеална можност Лазаров да ги воигра тактичките варијанти и да ја провери подготвеноста на сите 19 ракометари кои се најдоа на скратениот список. По завршувањето на обврските во Швајцарија, репрезентацијата ќе има уште неколку дена за завршно полирање на формата пред официјалниот старт на континенталниот собир.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено