Светот на фудбалските статуи е посебен жанр на хорор-комедија. Сите се сеќаваме на бистата на Роналдо што личеше на лик од цртан филм, или на онаа на Двејн Вејд што не личеше на никого. Сега, во ова друштво е и легендарниот Рене Хигита.
Во неговиот роден Меделин, Колумбија, осамна споменик на творецот на „Скорпијата“. И да бидеме искрени, изгледа како да е направен од кал, љубов и малку… мистерија.
The statue of René Higuita in Medellín, Colombia
byu/superdouradas insoccer
„Изгледа како да го удрил метеор“
Интернетот, нормално, не прости. Додека Хигита гордо позира до својот двојник, коментарите на Reddit се злато:
- „Изгледа како остатоци од некој што загинал при ерупцијата на Везув во Помпеја“.
- „Идни археолози ќе мислат дека ова е некое античко божество на дождот“.
- „Изгледа како будистичка статуа од средниот век пронајдена во џунгла“.
Сепак, подобро од Роналдо!
И покрај „рустичниот“ изглед, фановите се согласни за една работа – оваа статуа има душа.

„Има живот во неа, изгледа како да е направена со страст од локалците, за разлика од онаа на Роналдо“, гласи еден од најпопуларните коментари.
Можеби не е анатомски совршена, можеби шорцевите изгледаат како да се од бетон, но косата е погодена „во влакно“.
За жал, скулпторот ја пропуштил животната шанса да го изваја во познатата поза „Скорпија“. Вака, Хигита само стои мирно, чекајќи ја историјата (или дождот) да си го направи своето.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



