Учител им даде гол на Аргентинците за одјава од СП

 

Објавено:

Оукленд Сити можеби беа најслабиот клуб на ФИФА Светското првенство, но овој полупрофесионален тим синоќа ги освои симпатиите на публиката кога успеа храбро да одигра против големите аргентински фаворити Бока Јуниорс.

Во напревар кој заврши со нерешен 1:1 резултат, херојот на натпреварот беше офанзивецот од Нов Зеланд кој успеа да го даде првиот гол на големите натпреварувања во историјата на Оукленд Сити и на тој начин да се одјави од првото Светско првенство за клубот со новиот формат.

Но, поинтересно е што токму стрелецот на голот, Кристијан Греј, всушност е учител во основно училиште, а за да присуствува на турнирот во САД тој морал да побара одмор од работа.

Кога ќе се врати кај неговите ученици и тоа како ќе има што да им раскажува за денот кога им даде гол на големите Бока Јуниорс од Аргентина и беше избран за играч на натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено