Удар за Барса: Дани Олмо е потешко повреден, го пропушта клучниот дел од сезоната!

Објавено:

Барселона скапо ја плати победата над Атлетико Мадрид (3-1). Иако натпреварот донесе радост и зголемена предност на врвот на Ла Лига, денешните медицински прегледи донесоа лоши вести за Ханзи Флик: Дани Олмо има дислокација на левото рамо.

Клубот потврди дека Олмо ќе биде надвор од терените околу еден месец.

Повреден при постигнување на гол

Иронијата да биде поголема, Олмо се повреди токму во моментот кога го постигна клучниот гол за водство од 2-1 во 65-тата минута. При шутот со кој го совлада Јан Облак, шпанскиот репрезентативец падна незгодно на левото рамо.

По деталните тестови, медицинскиот тим на Барселона одлучи да се следи конзервативен третман, што значи дека нема да биде потребна операција, но закрепнувањето ќе трае околу четири недели.

Одлична форма прекината во најлош момент

Оваа повреда доаѓа во момент кога Олмо беше во фантастична форма. Тој постигна три гола на последните два натпревари во Ла Лига – два против Алавес и еден против Атлетико.

Оваа сезона Олмо забележа 17 настапи (13 во Ла Лига и 4 во Лигата на шампионите), постигнувајќи четири гола и две асистенции. Ова е тежок удар за Барса пред важните натпревари во домашното првенство и во Лигата на шампионите против Ајнтрахт Франкфурт следната недела.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено