УЕФА со специјални признанија за Златан Ибрахимовиќ и Челси

 

Објавено:

На вчерашната церемонија во Монако, по повод влечењето на ждребот за новата Лига на шампиони, беа доделени и специјалните признанија на УЕФА.

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ беше одликуван со “President’s Award”, за неговите вонсериски достигнувања на теренот, но и надвор од него. Златан покрај својата богата кариера е познат и по хуманитарните дела кои најчесто ги прави без голема медиумска помпа.

Златан беше присутен на церемонијата во Монако, а наградата му ја врачи претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

И англискиот клуб Челси беше одликуван за извонредното достигнување како прв клуб кој успеал да ги освои сите шест УЕФА трофеи во историјата, откако ги освоија трофеите во Конференциската лига, Суперкупот, Лигата на шампионите, Лига Европа, Купот на победниците и Младинската лига на УЕФА.

Извор: https://x.com/UEFA
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено