УС Опен го казни Медведев после вчерашниот драматичен настап

Објавено:

Данил Медведев не го прифати добро вчерашниот пораз, како и неколкуте спорни моменти во текот на натпреварот, па тој беше забележан како прави навредливи гестови кон противникот, го крши рекетот и предизвикува вистински хаос на теренот.

После таквиот настап, денес медиумите пишуваат дека УС Опен го казниле Медведев со парична казна од 100 илјади долари за прекршување на правилата, односно за “неспортско однесување и насилство со рекетот”.

Тој исто така ќе добие и дополнителна казна од 50 илјади долари за навреди кон судијата на мечот, Грег Аленсворт.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено