Времето лета кога фудбалската еуфорија е во прашање. Денеска официјално нè делат точно 150 дена до почетокот на Светското првенство во 2026 година, првото на кое ќе учествуваат рекордни 48 нации, а натпреварите ќе се играат низ САД, Канада и Мексико.
Спектакуларен старт на „Ацтека“
Првенството започнува на 11 јуни (четврток), а честа да го отвори му припадна на еден од домаќините. Мексико ќе ја пречека Јужна Африка во рамките на групата А, и тоа на култниот стадион „Ацтека“. Со капацитет од преку 87.000 седишта, овој храм на фудбалот ќе биде епицентар на светската јавност.
Подоцна истиот ден, Јужна Кореја ќе го одигра својот меч во Запопан, а токму тука приказната станува интересна за нас. Тие го чекаат победникот од бараж-дуелите, а тоа место е резервирано за една од следните четири селекции: Македонија, Чешка, Данска или Ирска.

Македонија на чекор до историја
Додека 42 репрезентации веќе ги пакуваат куферите, Македонија е во групата на тимови кои во март ќе се борат за последните шест влезници. „Рисовите“ покажаа дека можат да се носат со големите, а по историскиот настап на ЕП 2020, пласманот на Мундијалот во Северна Америка би бил најголемиот успех во историјата на нашиот спорт.
Мартските бараж-мечеви ќе бидат „да се биде или не“. Момците сега веќе на Гоце Седлоски имаат пред себе тежок пат, но сонот за натпревар против Јужна Кореја и Мексико на американско тло никогаш не бил пореален.
Што треба да знаете за СП 2026:
- 📅 Почеток: 11 јуни 2026
- 🌎 Домаќини: САД, Канада, Мексико (16 градови домаќини)
- ⚽ Формат: 48 репрезентации поделени во 12 групи по 4 тима.
- 🏆 Финале: 19 јули 2026 (Њу Џерси/МетЛајф стадион)




