Утре почнува Премиер лигата: Што нè очекува во новата сезона?

 

Објавено:

Со натпреварот помеѓу Ливерпул и Бормунт започнува новата сезона на Премиер лигата утре, па многу љубители на фудбалот ќе го дочекаат денот кој го чекаа цело лето.

Шампионите од минатата сезона Ливерпул, ќе ја имаат честа да го одиграат првиот натпревар на Енфилд, после тешкото лето со тагување за нивниот соиграч Диого Жота. Според известувањето од лигата, сите натпревари од првото коло ќе започнат со оддавање почит на прерано загинатиот фудбалер и неговиот брат Андре Силва.

Останатите денови од викендот (сабота 16 август и недела 17 август), распоредот на натпреварите е следен:

Извор: https://x.com/premierleague/

Во однос на новитетите кои ги очекува фудбалските фанови оваа сезона е изоставувањето на традиционалните натпревари за Боксинг денот, нешто што беше дел од Божиќната традиција на многу англиски фудбалски навивачи. За ова пишувавме веќе, па доколку сакате да дознаете повеќе зошто овој ден е толку важен за фудбалската култура на англиските навивачи, можете да кликнете тука.

Новата сезона ќе донесе и неколку нови правила во играта на теренот, но и надвор од него:

1. Нема повеќе задржување на топката од страна на голманите. Ова правило кое сè повеќе зема замав, за прв пат се воведува и во Премиер лигата. Голманите кои ќе ја задржат топката подолго од осум секунди ќе бидат казнети со доделување на корнер за спротивната страна.

2. Новите интервјуа на играчите за време на игра. Новинарите од оваа сезона ќе може да направат инстант интервјуа со играчите, вклучувајќи ги и оние кои штотуку биле заменети.

3. Само капитените ќе можат да зборуваат со судијата. На другите играчи ќе им биде забрането да приговараат кон судиите, па доколку го направат тоа може да ризикуваат да бидат казнети со жолт картон.

4. Повторно изведување на пенали. Ова правило доаѓа за прв пат во Премиер лигата. Ако играчот случајно ја удри топката два пати и притоа даде гол, ќе може повторно да го изведе пеналот.

5. Премиер лигата оваа година ќе се игра со нова топка. После долгогодишна соработка од 25 години со Најк, оваа година Премиер лигата ќе се игра со топка од спортскиот бренд Пума.

Љубители на англискиот фудбал, време е за Премиер лигата!

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено