Од утре до сабота во Скопје ќе се одржи првиот Регионален ракометен турнир, а посетителите ќе имаат можност да ги гледаат нашите клубови Вардар и Пелистер, како и клубовите Ловќен и Војводина.
Со ова загарантирано ни е уште едно “вечно дерби” пред почетокот на сезоната, а Вардар ќе мора да се покаже доколку сака овој пат да го совлада лутиот ривал Еурофарм Пелистер.
Натпреварите ќе се играат во Спортскиот центар “Борис Трајковски”, а ова е распоредот на натпреварите:
28 август
Еурофарм Пелистер – Војводина
Вардар – Ловќен
29 август
Вардар – Војводина
Еурофарм Пелистер – Ловќен
30 август
Ловќен – Војводина
Вардар – Еурофарм Пелистер



