Вардар доживува вистински потоп на гостувањето во Швајцарија. По првите 45 минути од реванш-натпреварот против Лозана, “црвено-црните” имаат негатива од 3:0, со што целосно ја загубија предноста од првиот натпревар во Скопје.
Швајцарскиот тим одигра фуриозно прво полувреме и постигна три гола преку Ное Дусене и Мамаду Кали Сене, кој беше двоен стрелец. Со овој резултат, вкупниот резултат во двомечот е 4:2 за Лозана, а европскиот сон на Вардар изгледа се подалечен.
Сепак, надежта последна умира. Пред избраниците на Гоце Седлоски се уште 45 минути во кои треба да покажат карактер. Во фудбалот сè е можно, а само еден постигнат гол може целосно да го смени текот на натпреварот и да ја врати драмата. Потребно е вистинско чудо, но чуда во фудбалот се случуваат.