- Advertisement -
- Advertisement -
Македонскиот ракометен вицешампион, Вардар 1961, ги дозна противниците за групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа за претстојната сезона 2025/2026. Ждрепката го смести нашиот тим во групата Ф, каде што го очекуваат интересни и предизвикувачки дуели.
Според официјалната објава на клубот, противници на „црвено-црните“ ќе бидат:
- ИФК Кристијанстад (Шведска)
- Феникс Тулуз (Франција)
- Победникот од хрватскиот квалификациски дуел помеѓу Дуго Село и Сесвете.
Распоредот на натпреварите ќе биде дополнително потврден од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Во продолжение, погледнете ја официјалната објава од клубот.