Вардар против Швеѓани, Французи и Хрвати во Лига Европа

 

Објавено:

Македонскиот ракометен вицешампион, Вардар 1961, ги дозна противниците за групната фаза во ЕХФ Лигата на Европа за претстојната сезона 2025/2026. Ждрепката го смести нашиот тим во групата Ф, каде што го очекуваат интересни и предизвикувачки дуели.

Според официјалната објава на клубот, противници на „црвено-црните“ ќе бидат:

  • ИФК Кристијанстад (Шведска)
  • Феникс Тулуз (Франција)
  • Победникот од хрватскиот квалификациски дуел помеѓу Дуго Село и Сесвете.

Распоредот на натпреварите ќе биде дополнително потврден од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Во продолжение, погледнете ја официјалната објава од клубот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено