10.8 C
Skopje

Вардар – Сесвете: Билетите се во продажба!

Објавено:

Време е за нова европска сезона! РК Вардар 1961 ја започнува својата авантура во групната фаза од Лигата на Европа, а првиот предизвик на домашен терен ќе биде против хрватскиот тим Сесвете.

Натпреварот е закажан за 14 октомври (вторник), со почеток во 18:45 часот, во добро познатиот храм на македонскиот ракомет, СЦ “Јане Сандански”.

Од клубот информираат дека билетите се веќе пуштени во продажба, со цел навивачите навреме да го обезбедат своето место и да им дадат поддршка на “црвено-црните” на стартот од европските натпревари.

Како до билет?

Продажбата на билетите ќе се одвива на два начина:

  • Онлајн, преку официјалната платформа ticketx.com.mk.
  • На билетарницата на СЦ “Јане Сандански”, секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот.

Цени на билетите:

  • 200 денари за блоковите: 1, 2, 3, 8, 9, 11, 16, А и А4.
  • 250 денари за блоковите: 4, 7, 12 и 15.
  • 300 денари за блоковите: 5, 13, 14, А2, А3, А5, А6 и Г блок.

Да го наполниме “Јане Сандански” и да ја започнеме европската авантура со победа! Сите во сала!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено