Веќе е договорено, Џек Грилиш се сели во Евертон!

Објавено:

Според ексклузивната објава на спортскиот новинар за трансфери, Фрабрицио Романо, Евертон веќе се согласиле за трансферот на Џек Грилиш од Манчестер Сити.

Играчот ќе замине во новиот клуб на позајмица, а планот е сите медицински прегледи да бидат завршени во текот на наредните 24 часа.

Минатата година Грилиш не постигна особени резултати во Сити, по што клубот се одлучи на негов трансфер ова лето. Играчот кој своевремено вредеше 100 милиони фунти, сега ќе дојде во Евертон како засилување под водството на Дејвид Мојс.

Сега за сега не се познати многу детали околу договорот, па не се знае колку време Џек Грилиш ќе помине на позајмица во Евертон, ниту колку пари ќе чини трансферот.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено