10.8 C
Skopje

Вељко Пауновиќ договорен како нов селектор на Србија, официјална потврда се очекува наскоро

Објавено:

Според информациите на српскиот медиум “Спортклуб”, постигнат е договор и Вељко Пауновиќ ќе биде именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Иако од Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) сè уште нема официјална потврда, извештајот наведува дека двете страни постигнале конечен договор и дека објавата е прашање на часови.

Преговорите, кои се воделе далеку од очите на јавноста, ги водел генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, со единствениот сериозен кандидат за позицијата. Завршните разговори биле одржани во Мадрид, каде Пауновиќ живее, а токму таму бил постигнат и конечниот договор за долгорочна соработка.

Како што пренесува “Спортклуб”, постоела обострана желба за соработка и компромис околу неколку клучни детали, меѓу кои и моментот кога Пауновиќ би го презел тимот. Иако дел од ФСС сакале тој да ја преземе селекцијата веднаш, Пауновиќ инсистирал на почеток на нов мандат од јануари 2026 година.

Доколку информацијата се потврди, Велјко Пауновиќ ќе стане 12-ти селектор на Србија во полн мандат, наследувајќи го Драган Стојковиќ Пикси, селектор со рекордно долг ангажман од речиси пет години.

Се очекува официјалната потврда да пристигне во наредните денови, а според “Спортклуб”, “само часови нè делат од објавата”.

Инаку во моментов Пауновиќ го води шпанскиот клуб Овиедо, клуб кој после долги години чекање го врати во Ла Лига.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено