Иако резултатот вели дека Венус Вилијамс загуби во првото коло на турнирот во Хобарт, вистинската приказна е во бројките кои стојат зад имињата на двете тенисерки. На 45-годишна возраст, легендарната Американка се соочи со 38-годишната Германка, Татјана Марија, поставувајќи нов рекорд за најголема комбинирана возраст на две противнички во историјата на ВТА турнејата.
Кога годините се само бројка
Со вкупно 84 години и еден ден помеѓу нив, Венус и Татјана го надминаа секој досегашен рекорд во професионалниот женски тенис. Германија славеше со 6-4 и 6-3, но по мечот не го криеше воодушевувањето што конечно доби шанса да ги одмери силите со една од најголемите на сите времиња.
„Сите ја сакаат Венус – ја сакам и јас! За мене беше огромна чест што играв против неа бидејќи никогаш претходно не сме се сретнале на теренот. Не беше лесно поради силниот ветер, но беше неверојатно искуство“, изјави Марија по победата.
84, 1 – The combined age of 84 years and 1 day between Venus Williams and Tatjana Maria will be the oldest between two opponents in a main draw match at WTA level, since the WTA was founded in 1973 – age calculated at start of event. Evergreen!#HobartTennis | @HobartTennis @WTA
— OptaAce (@OptaAce) January 13, 2026
31 година професионализам
Венус Вилијамс ја започна својата професионална кариера во далечната 1994 година (пред 31 година!). Во својата богата ризница има седум Грен слем титули во сингл, 14 во дубл со нејзината сестра Серена, како и четири златни олимписки медали. Иако моментално е рангирана на 576-то место, нејзината желба за игра на 45 години е инспирација за целиот спортски свет.
Овој турнир во Хобарт служи како загревање за Австралија Опен, каде Венус се надева на уште еден последен голем „танц“ на патеките во Мелбурн.



