6.8 C
Skopje

(Видео) 333 дена без фризер: Најголемиот маченик во историјата на Манчестер Јунајтед

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се биде навивач на Манчестер Јунајтед во пост-Фергусон ерата е вистински тест за нервите, но еден човек одлучи да го подигне мачеништвото на сосема ново ниво. Френк Илет, верен навивач на “црвените ѓаволи”, се заколнал дека нема да ја скрати косата сè додека неговиот тим не врзе пет победи по ред.

Неговото последно шишање било на 5 октомври 2024 година. Оттогаш поминаа 333 дена.

Овој негов подвиг стана толку познат, што дури и CNN му посвети прилог. Во меѓувреме, неговата фризура стана легендарна, а на социјалните мрежи веќе го споредуваат со Фелаини, Марџ Симпсон и членовите на кралската гарда.

Најтрагичниот дел? Откако Рубен Аморим го презеде тимот, Јунајтед сè уште нема врзано ни две победи по ред во Премиер лигата.

“До крајот на сезоната, косата ќе му биде двапати повисока од него”, “Брат, до Божиќ ќе ти обели косата”, “Ќе се претвори во Рапунзел”, се само дел од коментарите.

Погледнете ја легендата и неговата фризура:

[CNN] Frank llett, a Manchester United fan, vowed not to cut his hair until Man United wins 5 matches in a row. Frank’s last haircut was on October 5, 2024. It’s been 333 days since then.
byu/Wakanda-shit-is-that insoccer

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено