15.8 C
Skopje

(Видео) 43 гола во еден ден! Спортски празник за љубителите на Лигата на шампионите!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

За некој обичен вторник, за љубителите на фудбалот ден за Лигата на шампионите во кој паднаа неверојатни 43 погодоци! Во натпревари кои донесоа динамика, шутерски шоуа и фудбалски спектакли, видовме најразлични погодоци и неверојатни резултати на семафорите.

ПСЖ постигна дури седум погодоци во мечот со Леверкузен, Фермин со хет-трик помогна за победа од 6-1 на Барселона со Олимпијакос, ПСВ го шокираше италијанскиот шампион Наполи со 6-2, Арсенал постигна четири погодоци во 14 минути против Атлетико Мадрид, Халанд постигна погодок во 12-ти последователен меч со што се израмни со Кристијано Роналдо за најдолга низа на натпревари со постигнат гол…. Сè на сè 43 погодоци и многу случувања во за многумина само обичен вторник.

Љубителите на фудбалот синоќа имаа тежок избор да одберат кој натпревар ќе го следат, а дури ни најбрзите не успеаја да ги “фатат” многуте случувања на терените ширум Европа… Па, за сите кои нешто пропуштија, еве ги на едно место сите најдобри моменти и голови од вчерашниот ден во Лигата на шампионите.

Барселона 6-1 Олимпијакос

Каират 0-0 Пафос

Њукасл Јунајтед 3-0 Бенфика

ПСВ 6-2 Наполи

Леверкузен 2-7 ПСЖ

Унион СГ 0-4 Интер

Копенхаген 2-4 Дортмунд

Виљареал 0-2 Манчестер Сити

Арсенал 4-0 Атлетико Мадрид

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено