(Видео) Адидас ги претстави дресовите со свој потпис за Мундијалот!

Објавено:

Германскиот бренд Адидас ги претстави дресовите со кои ќе настапат репрезентациите кои соработуваат со легендарниот спортски бренд на претстојното Светско првенство во 2026 година.

Можеби најголемо внимание привлече соработката со Германија и дизајнот инспириран од 90-тите години, како круна на заедничката соработка која завршува идната година.

Тука се и моменталните светски шампиони Аргентина, како и Шпанија, Белгија, Унгарија…

Како големи љубители на дизајнот на дресовите, решивме да им посветиме посебна статија на сите дресови во наредниот период, па нека ова видео биде една убава најава за новиот серијал на Спортска Станица. Уживајте!

Следете нè: Facebook | Instagram | X 

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено