Возбудлив ден на Африканскиот куп на нации (АФКОН) во Мароко. Јужна Африка ја отвори својата кампања со тешка, но заслужена победа над Ангола, додека Замбија се спаси од пораз во последните секунди против фаворизираното Мали.
„Бафана Бафана“ со три бода, Фостер херој
Во рамките на Групата Б, Јужна Африка славеше со 2-1 против Ангола на стадионот во Маракеш. Мечот одлично започна за тимот на Хуго Брос, откако Освин Аполис погоди уште во 17-тата минута. Сепак, Ангола не се предаде и успеа да израмни преку Шоу во 35-тата минута.
Во вториот дел, Јужна Африка повторно ја презеде иницијативата. Иако им беше поништен гол поради офсајд (ВАР одлука), упорноста се исплатеше. Во 79-тата минута, напаѓачот на Барнли, Лајл Фостер, со прекрасен удар го постави конечниот резултат и донесе важни три бода.
Дака ја спаси Замбија, Мали прокоцка пенал
Во Казабланка, репрезентацијата на Мали доминираше против Замбија, но на крајот мораше да се задоволи само со бод (1-1). Мали беше подобар противник, но голманот на Замбија, Вилард Мванза, беше фантастичен – дури му одбрани и пенал на Ел Билал Туре во првото полувреме.
Отпорот на Замбија беше скршен во 61-вата минута кога Ласин Синајоко конечно погоди за 1-0. Кога се чинеше дека Мали ќе победи, на сцена стапи ѕвездата на Лестер, Патсон Дака. Во 92-рата минута, тој највисоко скокна во шеснаесетникот и со глава донесе златен бод за својата земја.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



