10.8 C
Skopje

(Видео) Ако е вака во Северна, како е во Јужна Америка на стадион?

Објавено:

Светското клупско првенство кое за прв пат се одржува во САД, стана сцена за фановите на јужноамериканските и азиските клубови кои постојано ја воодушевуваат јавноста со својата пасија за фудбалот.

А, многумина почнаа да се запрашуваат – ако вака изгледа навивањето далеку од дома на гостување во Северна Америка, како би било кога би играле на домашен терен на стадионите на Јужна Америка?

Погледнете го само видеото на аргентинските навивачи на Бока Јуниорс и замислете како би изгледало кога Светското клупско првенство би се играло таму? Дали европските тимови би можеле да победат пред навивачите на славниот дом на Диего Марадона на Ла Бомбонера или пред навивачите на Фламенго на славната Маракана?

Ако едно е сигурно, тоа е дека европските играчи може само да им завидуваат на своите колеги од овие краишта кои зад нив имаат цела армија на страсни вљубеници во играта наречена фудбал.

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено