(Видео) Арнаутовиќ од пенал донесе прва европска победа за Звезда!

Објавено:

Конечно, победа за Црвена звезда во Европа! Во една тензична ноќ на „Маракана“, белградскиот тим успеа да го победи Лил со 1-0 во рамките на 4. коло од Лига Европа, стигнувајќи до првиот и исклучително важен триумф оваа сезона.

Херои на вечерта беа двајцата најголеми адути на Владан Милојевиќ – голманот Матеус и напаѓачот Марко Арнаутовиќ.

Арнаутовиќ ја презеде одговорноста, Матеус го „откажа“ Жиру

Иако Ѕвезда имаше иницијатива, се чинеше дека мечот оди кон 0-0. На домаќините дури им беше поништен и гол (ВАР го фати Арнаутовиќ во офсајд при асистенцијата) во 72. минута.

Клучниот момент се случи во 83. минута. По одлична акција, Мирко Иваниќ беше срушен од голманот Озер во шеснаесетникот. Судијата веднаш покажа на белата точка, а одговорноста ја презеде Марко Арнаутовиќ.

Иако малку се лизна при ударот, Австриецот беше брутално прецизен и во 85. минута ја „запали“ Маракана за 1-0.

Лил, кој во игра ги внесе и Оливие Жиру и останатите ѕвезди кои ги одмараше, тргна на сè или ништо. Во 90. минута Жиру имаше совршена шанса, но голманот Матеус со спектакуларна одбрана го сочува својот гол. Во продолжението од таа акција, Ајуб Буади ја погоди само пречката.

Ѕвезда „дише“, Лил во втор пораз по ред

Натпреварот имаше уште неколку возбудувања – Тебо Учена ја погоди стативата за Ѕвезда во 51. минута, додека Лил ја имаше најдобрата шанса во првиот дел преку Игаман, кој излезе сам, но лобуваше над голот.

Со оваа победа, Црвена звезда го прекина низот од два порази во Лига Европа и сега има 4 бода, враќајќи се во игра за пролет во Европа. За Лил, пак, ова е втор пораз по ред.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено