(Видео) Арсенал со триумф на дербито на Олд Трафорд!

 

Објавено:

Арсенал ја започна новата сезона во Премиерлигата со позитивен резултат. Имено, “топџиите” го совладаа Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд со минимални 0-1, во дербито од првото коло.

Избраниците на Микел Артета продолжија таму каде што застанаа во изминатата сезона. Веќе во 13-та минута, по корнерот на Деклан Рајс и несигурната интервенција на Алтај Бајиндар, новото засилување Рикардо Калафиори реагираше најдобро и од непосредна близина ја смести топката во мрежата.

Јунајтед, предводен од новиот стратег Рубен Аморим, имаше свои моменти и создаде прилики преку дебитантите Матеус Куња и Брајан Мбеумо, како и со силниот удар на Патрик Доргу што заврши во стативата. Но, сето тоа заврши надвор од голот на Давид Раја, кој ја потврди својата класа меѓу стативите.

Извор: https://x.com/Arsenal

На моменти атмосферата на “Театарот на соништата” беше електрична, особено со влегувањето на новото засилување Бенјамин Шешко, кој веднаш внесе енергија во нападот. Сепак, ниту тој, ниту Куња не успеаја да ја пробијат цврстата одбрана на Арсенал.

На другата страна, Артета се реши за брза измена и го извади неефикасниот Виктор Ѓокереш уште по еден час игра, но тоа не влијаеше на конечниот исход. “Топџиите” повторно се потпреа на својата дисциплина, стабилност и убиствената ефикасност по прекини, па иако не одиграа најдобро, сепак успеаја да ги изглечат трите поени од денешниот дуел.

На крајот, и покрај сите обиди на Јунајтед, резултатот остана непроменет. Сепак, генералната слика во јавноста е дека и покрај поразот Манчестер Јунајтед изгледаше подобро отколку изминатата сезона, па навивачите веќе се надеваат на подобри резултати во наредните мечеви.

Погледнете ги најинтересните моменти од натпреварот.

Извор: https://x.com/Arsenal
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено