Фудбалска бајка за Австрија на Светското првенство за играчи до 17 години во Катар! За првпат во својата историја, во било која возрасна категорија, австриската репрезентација обезбеди пласман во финале на Мундијал, откако во полуфиналето ја совлада Италија со 2-0.
Херој на натпреварот беше неверојатниот Јоханес Мозер, кој со два гола го трасираше патот до историјата и се искачи на врвот на листата на стрелци.
🇦🇹💥 𝐉𝐎𝐇𝐀𝐍𝐍𝐄𝐒 𝐌𝐎𝐒𝐄𝐑 (𝟏𝟕) in the U17 World Cup:
— Rising Stars XI (@RisingStarXI) November 24, 2025
⚽️ vs Saudi Arabia 🇸🇦
⚽️🅰️ vs Mali 🇲🇱
❌ vs New Zealand 🇳🇿
⚽️ vs Tunisia 🇹🇳
⚽️⚽️ vs England 🏴
⚽️ vs Japan 🇯🇵
⚽️⚽️ vs Italy 🇮🇹
8️⃣ GOALS in the competition so far.
𝐈𝐍𝐒𝐀𝐍𝐄𝐄𝐄𝐄𝐄 🤯 pic.twitter.com/dZqWVZzXnT
Италија притискаше, Мозер казнуваше
Натпреварот започна со иницијатива на „Аѕурите“, кои имаа неколку шанси во воведните минути преку Инасио и Кампаниело. Сепак, австриската одбрана, која досега има примено само еден гол на целиот турнир, издржа.
Во вториот дел, на сцена стапи Мозер. Во 57. минута, по одлична асистенција на Јакоб Вернер, тој прецизно биеше за 1-0, носејќи огромна радост за својот тим.
Погледнете го водечкиот гол на Австрија ТУКА.
„Евро-гол“ за крај и црвени картони
Италија се обиде да се врати, но во судиското надополнување работите тргнаа на лошо за нив. Бенит Борасио заработи црвен картон поради фаул како последен играч во одбраната.
Од слободниот удар што следеше, Мозер постигна спектакуларен гол во 92. минута за конечни 2-0 и потврда на финалето.
Уживајте во мајсторијата од слободен удар ТУКА.
Австрија во четврток ќе се бори за светската титула против подобриот од дуелот Португалија – Бразил.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



