(Видео) Барселона со убедлива победа од 3-0 против Гетафе

 

Објавено:

Барса денес “дома” го одигра мечот против Гетафе, а каталонскиот гигант славеше со убедливи 3-0 на стадионот Јохан Кројф. Феран Торес два пати успешно стрелаше за погодок во првото полувреме, еднаш во 15-та, а потоа и во 34-та минута, по што Барселона замина на паузата со предност од 2-0.

Во вториот дел на листата на стрелци се запиша и Дани Олмо во 62-та минута, со што беше поставен и конечниот резултат.

Интересно е што стрелецот на головите за победата над Њукасл во Лигата на шампионите изминатава недела, Маркус Рашфорд, го започна натпреварот од клупата. Тој наводно го прекршил строгото правило на тренерот Ханси Флик за доцнење на тренинзите, нешто што претходно го искуси и Рафиња.

Сепак, по влегувањето во второто полувреме тој со асистенција учествуваше во голот на Дани Олмо, па придонесе и во овој натпревар.

Инаку, Барселона се втори на табелата, веднаш зад лутиот ривал Реал Мадрид, зад кого заостануваат со два бода.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено