10.8 C
Skopje

(Видео) “Блицкриг” во Милано и Лидс: Леао погоди за Милан, Лидс веќе води 2:0!

Објавено:

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалскиот викенд започна на највозбудливиот можен начин! Само што стартуваа првите натпревари во Серија А и Премиер лигата, а мрежите веќе се тресат.

Во Италија, лидерот Милан го пречекува “фенерџијата” од Пиза и веднаш стави до знаење кој е газда на “Сан Сиро”. Уште во 7-та минута, Рафаел Леао постигна прекрасен гол за водство на “росонерите”.

Речиси во исто време, во Англија, Лидс Јунајтед имаше фуриозен старт против Вест Хем. Уште во 3-тата минута, Американецот Бренден Аронсон ја смести топката во мрежата за ерупција на “Еланд Роуд”. Како тоа да не беше доволно, само 12 минути подоцна, во 15-тата минута, Џо Родон зголеми на 2:0 по еден корнер.

Очигледно нè очекува возбудлив фудбалски викенд!

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено