Има нешто посебно кога Балканците играат за историја. Во Виена вечерва не се игра обичен натпревар, се игра за национална гордост. И Босна и Херцеговина засега го има резултатот од соништата!
Во директниот дуел за пласман на Светското првенство, Босна води против Австрија со 0-1 на гостински терен (кој повеќе личи на домашен поради илјадниците босански навивачи на трибините)!
Харис Табаковиќ е херојот!
Моментот на лудило се случи во 12. минута. По еден корнер, настана гужва во шеснаесетникот, а најснаодлив беше Харис Табаковиќ. Напаѓачот со швајцарско потекло, но босанско срце, ја закова топката во мрежата и предизвика ерупција на стадионот „Ернст Хапел“.
Погледнете го голот кој може да ја однесе Босна на Мундијал СО КЛИК ОВДЕ.
Што значи ова?
Пред мечот, Австрија беше лидер со 18 бода, а Босна втора со 16. Со овој резултат, Босна ја прескокнува Австрија и го зема директниот билет за САД, Мексико и Канада!
Остануваат уште многу минути, Австрија ќе притисне, но „Змејовите“ покажаа дека се дојдени да победат.
Како што велат коментарите: „Хајмо Босно!“ Ние од Спортска Станица навиваме за нашите балкански соседи! 🇧🇦💪



