(Видео) Бундеслига Специјал: Баерн го доби дербито, Лајпциг го „скрши“ Штутгарт

Објавено:

Големата тројка во Бундеслигата беше сигурна овој викенд. Баерн Минхен рутински го доби дербито со Баер Леверкузен, РБ Лајпциг беше подобар од директниот конкурент Штутгарт, а Борусија Дортмунд минимално славеше на гости кај Аугсбург.

Најголемата победа на колото ја забележа Борусија Менхенгладбах, која конечно ја прекина црната серија и тоа со четири гола на гости кај Ст. Паули.

(Видео) Баерн Минхен 3-0 Баер Леверкузен

Баерн Минхен рутински го доби дербито и ја прекина неверојатната серија на Леверкузен од 37 гостувања без пораз. Серж Гнабри (25’) и Николас Џексон (31’) донесоа сигурно водство, а Лоик Баде со автогол (44’) ја запечати судбината на гостите уште пред полувремето.

(Видео) РБ Лајпциг 3-1 Штутгарт

Во директниот дуел на врвот, РБ Лајпциг ја прекина серијата од пет победи на Штутгарт. Автоголот на Шабо (45’) го отвори резултатот, пред 18-годишниот Јан Диоманде (53’) да зголеми. Тиаго Томас (65’) врати надеж за Штутгарт, но Ромуло (90+1’) стави точка на мечот.

(Видео) Аугсбург 0-1 Борусија Дортмунд

„Милионерите“ се намачија, но освоија клучни три бода на гости. Натпреварот беше решен со еден гол, кој беше дело на Серу Гираси во 37. минута, откако ја искористи големата грешка на одбраната на Аугсбург.

Ст. Паули 0-4 Борусија Менхенгладбах

Борусија Менхенгладбах конечно ја прекина црната серија од 15 меча без победа, и тоа со стил. Харис Табаковиќ беше херој со два гола (16’, 40’) и една асистенција. Во листата на стрелците се запишаа и Шуто Мачино (75’) и Оскар Фрауло (80’) за убедливи 0-4.

Мајнц 1-1 Вердер Бремен

Мајнц беше на чекор до првата домашна победа, но Вердер Бремен им ја расипа забавата. Силван Видмер (36’) донесе водство, но Јенс Стаге со гол во 86. минута ги постави конечните 1-1.

Хајденхајм 1-1 Ајнтрахт Франкфурт

Поделба на бодовите меѓу Хајденхајм и Ајнтрахт Франкфурт. Домашните поведоа преку Буду Зивзиваѕе (32’), а Расмус Кристенсен (55’) ги постави конечните 1-1.

Унион Берлин 0-0 Фрајбург

Најнеинтересниот меч на колото се одигра во главниот град. Унион Берлин и Фрајбург одиграа 0-0 во тврд натпревар каде и двата тима имаа по еден поништен гол од ВАР.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено