(Видео) Бундеслигата ни го честиташе празникот со најубавите голови за 2025 година!

Објавено:

Каков начин да се испрати годината! Бундеслигата објави спектакуларна компилација од најубавите голови постигнати во текот на 2025 година, потсетувајќи не зошто германскиот фудбал е еден од најатрактивните во светот.

Од проектили од далечина до мајстории во казнениот простор, ова видео е вистински подарок за љубителите на фудбалот.

Луис Дијаз и Вушковиќ во центарот на вниманието

Ѕвездата на компилацијата е несомнено Луис Дијаз. Неговиот гол, кој фановите го опишуваат како комбинација од упорност и совршена прецизност, е еден од фаворитите за гол на годината. „Лучо“ добива најмногу пофалби во коментарите, а многумина се прашуваат: „Како воопшто даде гол од таму?“.

Друг момент што го одбележа видеото е „петата“ на Лука Вушковиќ, која е опишана како „чиста класа“. За некои фанови, тоа е дури и подобар погодок од оној на Дијаз.

Сепак, изборот не помина без дебата. Многумина се чудат што бараат головите на Гереиро и Вирц во оваа листа, сметајќи дека имало многу подобри погодоци кои биле „ограбени“ од место во компилацијата, како на пример голот на Хари Кејн против Ајнтрахт.

Како и да е, уживајте во магијата и Среќна Нова 2026!


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено