Тоа беше епска одисеја. Предизвик достоен на своето име. По 34 години, низ банкрот, испаѓање и неверојатна борба за опстанок, бродот на Викинг ФК конечно влезе во пристаништето на славата. Со убедлива победа од 5-1 над Волеренга на последниот ден од сезоната, тимот од Ставангер ја освои титулата во норвешката Елитесериен, оставајќи ги на второ место Бодо/Глимт со само еден бод помалку.
Кога судискиот свиреж означи крај, експлозијата од радост беше неконтролирана: илјадници навивачи го преплавија теренот, а на нивно чело беше капитенот Златко Трипиќ, кој падна на колена вовистински солзи на триумф и олеснување по децении чекање.
Se på disse bildene! Gratulerer til hele @vikingfotball 🥹 pic.twitter.com/0ggz8ng3ls
— TV 2 Sport (@tv2sport) November 30, 2025
Ладниот туш и воскреснувањето на „Викинзите“
Само пред осум години, клубот беше близу до целосен распад. По години на лошо менаџирање и прекумерно трошење, Викинг испаднаа од првата лига во 2017 година и се најдоа пред банкрот. Тоа беше „ладен туш“ за целиот град, како што разскажуваат навивачите.
Тој момент го смени целосниот идентитет на клубот. Раководството се смени, а филозофијата беше пренасочена од „пари без дно“ кон развој на локални таленти и градење цврста врска со заедницата. Под водство на ветеранот Бјарне Бернтсен, тимот експресно се врати во елитата, а во 2019 година го освоија Норвешкиот куп, што беше најава за големи нешта.

Капетанот: Човекот кој го врати чувството за припадност
Во срцето на оваа преродба беше Златко Трипиќ. Тој се приклучи на клубот во втората лига, во 2018 година, и стана срцето и душата на тимот.
„Целото ова патување, каде што сме сега, за мене значи многу, бидејќи бев тука од самиот почеток“, вели Трипиќ, кој на 32 години ја носеше најтешката одговорност. Неговата константност е историска: тој е првиот играч на Викинг со двоцифрен број на голови и асистенции три сезони по ред.
На финалниот натпревар, притисокот беше огромен, бидејќи Бодо/Глимт беше само еден бод зад нив. Сепак, навивачите не мораа долго да чекаат. По само 10 минути, Едвин Аустбо постигна гол од категоријата „гол на сезоната“, а Мартин Ове Росeт набргу зголеми на 2-0. Точка на првото полувреме стави Трипиќ со гол од пенал, носејќи ги на безбедно водство.
На крајот, со 5-1 на семафорот, Трипиќ стана првиот капитен кој ја кренал титулата во Елитесериен по цели 34 години. Момент што го чекаа сите со душа.
Во тој момент на искрена љубов и пасија кон спортот, играчите и целиот град го прекршија правилото и се споија во едно на теренот, славејќи ја децениската борба, која уште еднаш ни ја покажа „убавината на фудбалот“. Како што рече еден навивач: „Ова е нешто посебно, не знаете кога ќе го доживеете повторно. Цел град ќе слави!“



