Тренерот на Вардар 1961, Иван Чупиќ, спортски го призна поразот во големото дерби против Еурофарм Пелистер (28-23). Хрватскиот стратег, иако разочаран од исходот, потенцираше дека трката за титулата е далеку од завршена.
„Ова е ракометен маратон“
Чупиќ смета дека декемвриските натпревари не ја решаваат титулата, но признава дека неговиот тим потфрлил во нападот.
„Кажав и пред почетокот на сезоната дека ова ќе биде еден долг ракометен маратон. Ништо не може да се одлучи во декември или јануари. Пелистер одигра многу подобро денес и заслужено победи“.
Тој ја лоцираше причината за поразот во слабата реализација и неискористените шанси кога голманот на Вардар беше во елемент.
„Со 23 гола не се победува тим како Пелистер, мислам дека ни требаа барем 30. Имавме падови во играта, штета што не успеавме да отидеме на 5-6 голови разлика кога можевме“.

Борозан: „Влеговме во ритамот на Пелистер“
Левиот бек на Вардар, Вуко Борозан, беше самокритичен по натпреварот. Тој смета дека Вардар играл своја игра само во првите 20 минути.
„Влеговме во ритамот на ривалот, нѐ успорија. Кога требаше да продолжиме со нашето темпо, почнавме да промашуваме зицери, а и нивниот голман се разбрани“.
Борозан упати и пофалби за атмосферата во салата „Боро Чурлевски“, нарекувајќи го македонското првенство „најдобро на Балканот, а можеби и пошироко“.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



