(Видео) Да не беа Африканците, Мундијалот ќе беше подосаден!

 

Објавено:

Светските првенства не се само формации, тактики и контроверзни ВАР одлуки – тие се и суеверија, традиција и неверојатен фолклор кој најчесто доаѓа од африканскиот континент. Да бидеме брутално искрени, да не беа африканските репрезентации и нивните колоритни навивачи, Мундијалот дефинитивно ќе беше многу подосаден!

Ако ги следите мечевите, сигурно досега го забележавте навивачот на Гана кој со бебешка пудра прави „магии“ на трибините.

А, најновиот хит служи како урнебесно „објаснување“ за тоа зошто англискиот капитен Хари Кејн не успеа да ја затресе мрежата на нивниот меѓусебен дуел во Бостон (0-0). Ако мислевте дека Кејн промашуваше поради лошата формација на Томас Тухел или цврстата одбрана на противникот, сериозно сте се излажале. Проблемот бил од спиритуална природа!

Познатиот врач и спиритуалист од Гана, Нана Кваку Бонсам, излезе со тврдење дека тој лично го „врзал“ англискиот напаѓач пред натпреварот. Но, за среќа на сите англиски навивачи, пред нивниот решавачки дуел со Панама, Бонсам одлучи да се смилува и да ја тргне клетвата.

„Јас сум најмоќниот спиритуалист на светот. Сега ќе го ослободам Хари Кејн за да може да постигне гол на следниот натпревар на Англија“, изјави Бонсам во своето најново обраќање.

Останува да видиме дали „магијата“ навистина ќе проработи и дали Кејн повторно ќе почне да решета мрежи штом конечно е „ослободен“ од африканските духовни окови.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено