(Видео) Дали е Роналдо најлицемерниот фудбалер во историјата на спортот?

 

Објавено:

Наместо достоинствено збогување, крајот на репрезентативната кариера на Кристијано Роналдо се претвора во неславен циркус. Откако селекторот Жорж Жезус го остави на клупата на мечот против Норвешка и одби да го внесе во игра, капитенот на Португалија своеволно го напушти тренинг-кампот во Копенхаген. Овој потег доаѓа само како вистински шлаг на тортата на неговото себично однесување кое, да бидеме искрени, го следи низ целокупната негова кариера.

Каде се колегите да го одбранат?

Доколку Роналдо е навистина толку почитуван од своите колеги, од сегашните и поранешните соиграчи, каде се тие сега да излезат во негова одбрана? Во овие моменти на тензија и скандали, владее апсолутен молк од фудбалскиот свет. Ниту еден значаен фудбалер не застана зад неговите постапки.

Од друга страна, Жорж Жезус јавно и децидно порача: „Ниту еден играч нема да ме натера да се предомислам. Ниту тој, ниту кој било друг во фудбалот.“ Тоа е шлаканицата на реалноста која португалската ѕвезда одбива да ја прифати.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
Старите изјави како најдобар доказ за лицемерието

За да се сфати апсурдот на неговиот менталитет, доволно е да се потсетиме на неговите сопствени зборови од минатото. Интернетот едноставно памети сè. Во компилацијата која повторно стана вирална, слушаме како еден помлад Роналдо самоуверено тврди дека парите нема да го променат, дека сака да ја заврши кариерата на највисоко ниво во големи клубови и дека никогаш не би играл во Катар или Дубаи само за пари.

Брзо напред до денес, истиот тој човек, мотивиран од стотици милиони, очајно се обидува да нè убеди дека лигата во Саудиска Арабија е подобра од француската, барајќи головите таму да му се бројат за „Златната топка“.

Се поставува едно логично прашање, дали е ова најлицемерниот фудбалер во историјата на спортот? Додека некогаш зборуваше за вистинска фудбалска страст, неговото огромно его денес очигледно не може да прифати дека времето го гази и дека тој повеќе не е центарот на фудбалскиот универзум.

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
Олицетворение на модерниот апсурд

Она што е најзагрижувачки во целата ситуација не е спортскиот пад на еден ветеран, туку сликата за општеството. Роналдо денес е најголемото олицетворение на сè она што не чини во фудбалот, а веројатно и во светот. Себичност пред тимот, ароганција пред понизност, и градење личен бренд пред вистински спортски дух.

А сепак, за мнозинството во светот и за милионите „лајкувачи“, тој и понатаму е најследениот и најомилениот спортист, па и човек на планетата на социјалните мрежи во моментов. Фактот што ваквото однесување сè уште се наградува со слепо идолопоклонство, кажува многу повеќе за нас и за светот како општество, отколку за самиот Роналдо.

Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 
Nokian Tyres – Цела зима во ваш ритам
 

Тазе објавено