(Видео) Дебитантите Унион СЖ со историски триумф во Ајндховен

 

Објавено:

Унион Сен Жилуаз ја прослави својата прва сезона во Лигата на шампионите со сензационална победа од 3-1 на гости кај ПСВ Ајндховен. Белгискиот шампион, кој минатата година ја освои титулата по 90 години, одигра натпревар за паметење на стадионот Филипс.

Тимот од Брисел поведе уште во деветтата минута кога Промис Дејвид реализираше пенал, станувајќи првиот стрелец во историјата на клубот во елитното натпреварување. Вториот гол пристигна во 39-та минута преку Ануар Аит Ел Хаџ, кој по освоена топка на средината изведе одличен соло-продор и со прецизен удар ја зголеми предноста.

Во второто полувреме Унион продолжи со цврста и дисциплинирана игра, а во 81-та минута Кевин Мак Алистер од корнер ја завери големата победа. Домаќините намалија во завршницата преку Рубен ван Бомел, но немаа сили за целосен пресврт.

За ПСВ ова е уште еден тежок европски удар по дебаклот од Арсенал минатата сезона. Екипата на Петер Бош сега мора да бара бодови во следните натпревари против Бајер Леверкузен и Наполи.

Унион пак, ја најави својата намера да биде повеќе од дебитант во групата. Следното коло ќе го дочекаат Њукасл Јунајтед во Брисел, а потоа им претстои и дуел со Интер.

Погледнете ги сите голови од денешниот дуел.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено