(Видео) Џејлен Грин дебитираше со 29 поени, Санс подобри од „осакатените“ Клиперс

Објавено:

Само еден НБА натпревар беше на програмата изминатата ноќ, но беше доволен за да го видиме она што Феникс го чекаше – Џејлен Грин конечно дебитираше во дресот на „Сонцата“.

Феникс Санс славеа со 115-102 против ослабените Лос Анџелес Клиперс, кои беа без услугите на Џејмс Харден (лични причини) и Каваи Ленард (повреда на скочниот зглоб).

Џејлен Грин, кој ги пропушти првите осум меча поради повреда, веднаш покажа зошто е доведен. За 23 минути на паркетот, тој постигна 29 поени, со шест погодени тројки. Нему му се придружи и Девин Букер со 24 поени.

„Свирежи“ за стариот пријател

Интересен момент на мечот беше враќањето на Бредли Бил во Феникс, овојпат во дресот на Клиперс. Бил, кој мина две сезони во Феникс, имаше ноќ за заборав – шутираше очајни 2 од 14 од игра за само 5 поени.

Публиката во „Footprint Centre“ немаше милост и го „награди“ со свирежи при секое негово претставување и секој допир со топката.

Феникс го скрши отпорот во третата четвртина, која ја доби со 40-23, најмногу благодарение на Ројс О’Нил (17 поени) кој постигна 11 поени во тој период. Кај Клиперс, кои го запишаа третиот пораз по ред, најефикасен беше Ивица Зубац со 23 поени и 11 скока.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено