(Видео) Дожд од играчки во Севиља: Спектакуларната божиќна традиција на Бетис повторно го воодушеви светот!

Објавено:

Навивачите на Реал Бетис уште еднаш покажаа дека имаат големо срце. Пред почетокот на вчерашниот натпревар против Хетафе, тие ја продолжија својата магична божиќна традиција со фрлање илјадници меки играчки на теренот, наменети за децата од социјално загрозените семејства.

Повеќе од 15.000 подароци за една вечер

Традицијата која започна во 2018 година, оваа недела достигна нов врв. По одбројувањето на големите екрани на стадионот, над 15.000 играчки од сите облици и големини полетаа од трибините кон тревникот. Глетката беше навистина нереална – илјадници фанови со зелени дедо-мразовски капи го прекрија теренот со подароци кои ќе ги израдуваат децата кои инаку не би добиле подарок за Божиќ.

Персоналот на клубот и волонтерите експресно ги собраа играчките во големи вреќи за да може натпреварот да започне на време, а емоциите на стадионот беа на највисоко ниво.

„Четворка“ во мрежата на Хетафе за совршен ден

Хуманоста на навивачите беше наградена со фантастична партија на фудбалерите на теренот. Бетис го прегази Хетафе со убедливи 4-0, со што празничната атмосфера стана комплетна. Аитор Руибал беше двоен стрелец, а во листата на стрелците се запишаа и Пабло Форналс и Кучо Хернандез.

Со овој триумф, тимот од Севиља се искачи на шесттото место на табелата во Ла Лига со 28 бода, заокружувајќи ја 2025 година на најдобар можен начин со победа и илјадници насмевки.


Следете нè: Facebook | Instagram | X


Можеби ќе те интересира...

Поврзано

Тазе објавено