Саботното попладне во Премиер лигата донесе драма до последната секунда, особено на „Стедиум оф Лајт“ каде лидерот Арсенал беше шокиран во судиското надополнување. Вест Хем и Барнли одиграа „трилер“ со пет гола, Евертон доминираше против Фулам, а Челси се искачи на второто место.
(Видео) Сандерленд 2-2 Арсенал
Каква драма! Арсенал пропушти шанса да побегне на +9 на врвот на табелата. Сандерленд поведе преку Даниел Балард (поранешен играч на Арсенал). „Топџиите“ направија целосен пресврт во второто полувреме со головите на Букајо Сака и Леандро Тросар. Кога сите очекуваа крај, резервистот Брајан Броби во 94. минута погоди за 2-2 и го шокираше тимот на Артета.
(Видео) Вест Хем 3-2 Барнли
„Трилер“ со пет гола во Лондон. Барнли прв поведе преку Зиан Флеминг. Но, „Чеканите“ одговорија моќно. Калум Вилсон израмни пред паузата, пред Томаш Соучек и Кајл Вокер-Питерс да донесат 3-1. Џош Кален во 97. минута само успеа да го ублажи поразот за Барнли.
(Видео) Евертон 2-0 Фулам
Евертон дојде до рутинска победа од 2-0 против Фулам, но резултатот можеше да биде многу поубедлив. На „Карамелите“ им беа поништени дури ТРИ гола поради офсајд. Сепак, Идриса Геј (во 45+4’) и Мајкл Кин (во 81’) се погрижија за сигурна победа на тимот на Дејвид Мојс.
Челси 3-0 Вулверхемптон
Во последниот меч од терминот, Челси немаше никакви проблеми со „фенерџијата“ Вулверхемптон. „Сините“ славеа со 3-0, искачувајќи се на второто место на табелата. Стрелци на головите беа Мало Густо, Жоао Педро и Педро Нето, кој погоди против својот поранешен клуб.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



