(Видео) ЕХФ „се поклони“ пред македонскиот талент: Марко Митев е најава за шоуто во Хернинг!

Објавено:

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својот официјален Инстаграм профил објави специјално видео со кое го најави настапот на Македонија на претстојното Европско првенство 2026. Во главната улога – нашиот фантастичен среден бек, Марко Митев.

„Млад талент ја предводи Македонија“

ЕХФ не штедеше пофални зборови за Митев, нагласувајќи дека токму тој е моторот на новата, подмладена македонска селекција која по 8-ми пат по ред (а вкупно деветти) ќе биде дел од континенталниот собир.

„Млад талент ја предводи Македонија на нивното 8-мо по ред учество на ЕХФ Еуро. Можат ли да ја поминат групата Б против Данска, Португалија и Романија?“, стои во објавата која веднаш ги запали социјалните мрежи.

Извор: https://www.instagram.com/mitevm_10/

Светот го препознава квалитетот на Алкалоид

Ова е уште еден доказ за огромниот напредок на ракометарот на Алкалоид, кој со своите игри и во домашниот шампионат и во националниот дрес, стана препознатливо лице на европската ракометна мапа. Неговата брзина, креативност и храброст се токму она што ЕХФ сака да го види на големата сцена.

Погледнете го видеото со кое ЕХФ најави дека со Македонија и Митев, шоуто е загарантирано:


Следете нè: Facebook | Instagram | X

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

Тазе објавено