Ако мислевте дека голот на Винисиус во 45+2. минута беше врвот на возбудата, тогаш првото полувреме од Суперкуп финалето во Џеда штотуку ве демантираше. Ова веќе не е само фудбалски натпревар, ова е боксерска пресметка со спуштен гард!
На полувреме резултатот е неверојатни 2-2, а она што се случуваше во последните 180 секунди ќе се раскажува долго.
Левандовски за кратка радост на Барса
Само две минути откако Реал израмни, Барселона одби да падне психолошки. Во 45+4. минута, Педри испрати топка со очи, а кој друг ако не Роберт Левандовски се најде на вистинското место. Полскиот голгетер ја затресе мрежата за 2-1, предизвикувајќи ерупција кај каталонските фанови кои веќе го славеа водството на полувреме.
Погледнете ја мајсторијата на Левандовски: 👉 ВИДЕО ОД ГОЛОТ НА ЛЕВАНДОВСКИ (2-1)
Шокот на Гонзало Гарсија
Но, правилото на Ел Класико вели: „Никогаш не се опуштај“. Реал Мадрид изведе напад буквално во последниот здив од првиот дел. Во 45+6. минута, младиот Гонзало Гарсија се претвори во херој од сенка. По асистенцијата на Винисиус (кој претходно даде гол), Гарсија биеше прецизно за 2-2 и целосен молк на клупата на Ханси Флик.
Погледнете го израмнувањето во последната секунда: 👉 ВИДЕО ОД ГОЛОТ НА ГОНЗАЛО ГАРСИЈА (2-2)
Следи второ полувреме. Земете здив, ќе ви треба!



