Фудбалот е многу повеќе од само игра, а сцените кои ни доаѓаат од Лисабон се вистински доказ за тоа. Откако Спортинг направи историско чудо и ја надомести негативата од три гола против Бодо/Глимт за пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, прославата на стадионот „Жозе Алваладе“ кулминираше со момент за паметење.
По победата, ероите на португалскиот гигант останаа на теренот за да ја споделат радоста со своите најверни поддржувачи. Во неверојатна атмосфера, фудбалерите и десетици илјади фанови пееја во еден глас, создавајќи звучна слика која остава без здив.
Овие моменти ни покажуваат зошто Лигата на шампионите е натпреварување кое носи посебна магија. Кога историскиот успех на теренот ќе се спои со ваква неверојатна страст од трибините, се раѓаат фудбалски спомени кои се прераскажуваат со години.
Погледнете го неверојатното видео во продолжение и уживајте во вистинската фудбалска романтика!
O MUNDO SABE QUE… ESTAMOS NOS QUARTOS-DE-FINAL 💚🎶 #SCPBOD #UCL pic.twitter.com/YgRUm1FoIQ
— Sporting CP (@SportingCP) March 17, 2026



