(Видео) Емотивно простување на Сон со Тотенхем

 

Објавено:

На денешниот натпревар во рамките на претсезонската турнеја во Јужна Кореја, легендарниот играч на Тотенхем, Сон Хеунг Мин за последен пат истрча во дресот кој го носеше последните десет години.

Тој излезе од игра во 63 минута од натпреварот меѓу Тотенхем и Њукасл, по што доби громогласни аплаузи од домашната публика и соиграчите.

Извор: https://x.com/SpursOfficial

Сон е можеби најуспешниот играч во историјата на Јужна Кореја, па неговото простување со клубот токму на домашен терен беше навистина емотивно и величествено, па играчот не можеше да ги задржи солзите кога седна на клупата.

“Сеул ги поздрави Спарс и иконата на Кореја”, напишаа Тотенхем покрај фотографиите од испраќањето.

 

Извор: https://x.com/SpursOfficial
https://x.com/SpursOfficial
 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено