(Видео) Енцо го шокираше Пеп: Челси се спаси во 94. минута, Арсенал слави +6!

 

Објавено:

Драмата во Премиер лигата продолжува! Во натпревар кој се чинеше дека е сигурна победа за светлосините, Челси приреди вистинско изненадување и со гол во судиското надополнување извлече голем бод на „Етихад“ (1-1).

Овој резултат е најголем подарок за лидерот Арсенал, кој сега има комотни 6 бода предност пред „Граѓаните“ во трката за титулата.

Рајндерс го отвори резултатот, Халанд ја погоди стативата

Манчестер Сити, иако ослабен без повредените Савињо, Ковачиќ и Стоунс, доминираше во првото полувреме. Ерлинг Халанд беше постојана закана, прво Филип Јоргенсен му одбрани тежок удар, а потоа Норвежанецот ја затресе и стативата.

Бедемот на „Сините“ конечно попушти во 42-рата минута. Холанѓанецот Тијани Рајндерс ја искористи мешаницата пред шеснаесетникот, се ослободи од Бадијашил и со прецизен удар во поблискиот агол донесе предност за домаќините од 1-0.

Енцо за молк на „Итихад“

Второто полувреме донесе похрабар Челси, предводен од привремениот тренер Калум Мекфарлејн (по заминувањето на Енцо Мареска). Педро Нето пропушти зицер, а поранешниот играч на Сити, Лијам Делап, исто така се закани.

Кога сите очекуваа крај, во 94-тата минута следеше шок. По еден очајнички центаршут, Енцо Фернандез се најде на вистинското место и од непосредна близина ја турна топката во мрежата за конечни 1-1. ВАР собата го потврди голот, а гостите бурно го прославија бодот.

„Сити ќе бидат очајни. Не го ‘убија’ натпреварот и беа казнети. Ова е голем бод за Челси, но уште поголем за Арсенал, коментираше Гери Невил за Скај Спортс.


Следете нè: Facebook | Instagram | X

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено