(Видео) Евертон со победа од 2:0, одличен настап на Џек Грилиш!

 

Објавено:

Евертон денес славеше со 2:0 на својот нов стадион, Хил Дикинсон каде за прв пат одиграа меч од натпреварувачки карактер, против тимот на Брајтон.

Интересно, првиот погодок го постигна Ендаје во 23-та минута, играчот кој го постигна и последниот погодок на стариот стадион Гудисон Парк.

Голот пристигна по асистенција на расположениот Џек Грилиш, кој асистираше и за вториот гол во второто полувреме, а погоди Гарнер во 52-та минута. Грилиш кој изминатата сезона имаше потешкотии во својата игра, па често изостануваше од тимот на Манчестер Сити, сега изгледа е решен да блесне повторно во боите на новиот клуб каде игра на позајмица оваа сезона.

Погледнете ги головите и најинтересните моменти на натпреварот.

 

Можеби ќе те интересира...

Тим Спортска Станица
Тим Спортска Станицаhttps://sportstation.mk
Официјалниот профил на уредничкиот тим на SportStation.mk.

Поврзано

 
 

Тазе објавено