Заборавете на Исланд и нивното „ХУ!“. Имаме нов херој во категоријата „Давид против Голијат“.
Курасао, мал карипски остров познат по тиркизните плажи и холандската архитектура, испиша историја. Тие станаа најмалата нација според популација која некогаш се квалификувала на Светско првенство!.
Со популација од само 156.000 жители, Курасао го сруши рекордот на Исланд (350.000 жители) од 2018 година.
Драмата во Кингстон: ВАР го спаси сонот во 90+4!
Историјата не дојде лесно. На Курасао му беше потребен бод на жешкото гостување во Кингстон против Јамајка. Натпреварот заврши 0-0, но начинот на који се дојде до тоа беше за инфаркт.
Јамајка ја погоди рамката на голот дури три пати во второто полувреме. Но, вистинската драма се случи во судиското продолжение.
Судијата покажа на белата точка за Јамајка по стартот на Џереми Антонисе. Сонот на Курасао висеше на конец. Но, по интервенција на ВАР, пеналот беше поништен бидејќи контактот бил минимален или непостоечки.
Свирежот за крај означи почеток на лудило, „Синиот бран“ оди во Америка, Канада и Мексико!
„Малиот генерал“ испиша историја од далечина
Селектор на ова чудо е легендарниот Холанѓанец, Дик Адвокат. На 78-годишна возраст, тој ќе стане најстариот селектор во историјата на Светските првенства, рушејќи го рекордот на Ото Рехагел.
Интересно е што Адвокат физички не беше присутен на историскиот меч во Јамајка поради семејни причини во Холандија, па тимот го водеа неговите помошници.
Кои се хероите? (Холандска школа)
Курасао, кој е автономен дел од Кралството Холандија, паметно ги искористи своите врски. Тимот е полн со играчи родени во Холандија кои имаат корени од островот.
- Браќата Бакуња: Леандро (капитен) и Жунињо (поранешен играч на Ренџерс и Бирмингем) се срцето на тимот.
- Тахит Чонг: Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед е еден од ретките родени токму на Курасао.
- Елој Рум: Искусниот голман беше херојот кој ја сочува мрежата чиста.
CURAÇAO HAVE QUALIFIED FOR THEIR FIRST-EVER WORLD CUP ❤️
— CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) November 19, 2025
WHAT A MOMENT FOR THE BLUE WAVE 🌊 pic.twitter.com/Xn4Tm29MAv
Хаити и Панама слават, Мекларен си поднесе оставка
Оваа ноќ беше бурна во КОНКАКАФ зоната:
- Хаити се враќа на Мундијалот првпат по 1974 година, по победата над Никарагва.
- Панама исто така обезбеди директен пласман.
- По неуспехот да ја победи Курасао и да оди директно, селекторот на Јамајка, Стив Мекларен, си поднесе оставка, иако неговиот тим ќе игра во интерконтиненталниот бараж.
Следете нè: Facebook | Instagram | X



