Додека ги испраќаме последните денови од старата и со нетрпение ја очекуваме Новата 2026 година, легендарниот англиски фудбалер и водител, Гари Линекер, сподели инспиративна порака која повикува на единство и човечност.
Во време кога светот често делува поделен, поранешниот голгетер на Лестер Сити, Тотенхем и Барселона потсетува дека огромното мнозинство луѓе споделуваат исти, едноставни животни вредности.
„Поделени сме за да ни го одвлечат вниманието“
Гостувајќи во поткаст, Линекер изнесе став кој наиде на позитивни реакции. Според него, најголемиот дел од општеството не е заинтересиран за конфликти, туку за соживот.
„Мислам дека 80-90% од луѓето во земјата само сакаат да си го живеат животот и да бидат пријателски настроени кон своите соседи. Тие не гледаат на луѓето од различни религии, боја на кожа, верувања или карактеристики и не мислат лошо за нив. Мислам дека сме намерно поделени за да ни се одвлече вниманието“ – изјави Линекер.
Gary Lineker, “I think 80-90% of the country just want to get on with their lives, be friendly with their neighbours. They don’t look at people of different religions, skin colours, beliefs, traits, and think badly of them. I think we’re divided deliberately to distract”
byu/GOAT-Antony insoccer
Фудбалски спомени и желби за 2026
Во разговор со Зак Полански, Линекер се наврати и на својата блескава кариера. На прашањето за омилениот гол во дресот на Тотенхем, тој ги издвои погодоците против Арсенал во полуфиналето на ФА Купот во 1991 година, иако низ смеа призна дека сите го паметат само слободниот удар на Гаскањ од тој меч.
Линекер, кој е познат по своето мото „да се несложуваме на пријатен начин“ (disagree agreeably), истакна дека и покрај неговиот интерес за општествени теми, никогаш нема да влезе во политиката.
Неговата желба за новата година е едноставна:
„Посакувам да бидеме љубезни едни кон други. Мислам дека повеќето луѓе се такви… Љубезни. Сите сме заедно во ова. Да бидеме како едно“.
Спортска Станица ви посакува Среќна Нова 2026 Година, исполнета со здравје, успех и многу врвен спорт!



