Иако не успеа да стигне до својата 11-та титула во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најголемиот шампион и надвор од теренот. По завршувањето на епското финале против Карлос Алкараз, Новак ги воодушеви навивачите со своите пораки упатени до неговиот најголем ривал, Рафаел Надал, и неговиот наследник, Карлос Алкараз.
Спектакл во ложата: Новак го „повика“ Рафа на теренот
Еден од најинтересните моменти се случи уште во текот на натпреварот. Кога тензијата беше на врвот, Ноле во еден момент отиде до трибините каде што седеше легендарниот Шпанец и со насмевка му дофрли: „Сакаш да играме?“, потсетувајќи го светот на едно од најголемите ривалства во историјата на спортот.
По мечот, Ѓоковиќ со емотивен говор му се обрати на својот долгогодишен ривал кој го следеше финалето од трибините на „Род Лејвер Арената“:
„Сакам да се обратам на легендарниот Рафа кој го гледаше мечот. Многу е чудно што те гледам таму, а не тука на теренот. Но, сакам да кажам дека ми беше чест да го делам теренот со тебе, и иако ми е чудно да те гледам таму, сакам да ти кажам ти благодарам што дојде да не гледаш денес“, изјави Новак со голем респект.
From Novak, to Rafa. From one legend to another 🙌 pic.twitter.com/gsxs91w4ku
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 1, 2026
Порака до Алкараз: „Се гледаме во наредните 10 години“
Иако Алкараз стана најмладиот со „Кариерен Грен слем“, Новак со доза на хумор и огромно признание му порача на новиот шампион дека нивните битки допрва почнуваат.
„Ти си многу млад, имаш многу време пред тебе, исто како мене. Па сигурен сум дека ќе се гледаме уште многу пати во текот на наредните 10 години“, му порача Ѓоковиќ на 14 години помладиот Шпанец, предизвикувајќи аплаузи од публиката.
Next decade secured and we’ll be there! 😀 🍿 pic.twitter.com/r00jHVueL4
— #AusOpen (@AustralianOpen) February 1, 2026
Овие зборови се јасна потврда дека, и покрај поразот, Новак нема намера да застане и дека неговиот ривалитет со Алкараз ќе биде главната приказна на светскиот тенис во годините што доаѓаат.
Целосното интервју можете да го погледнете тука:



